Историјат

Изобилието на суровина (лапорец) во околината на Скопје во 50-тите години беше главната причина за изградба на фабрика за цемент во близина на каменоломот, па така фабриката почна да се гради во 1952 година во областа означена за индустриски развој.

Изградбата заврши и првата ротирна печка на УСЈЕ започна со пробна работа во април 1955 година. Втората ротирна печка беше пуштена во употреба во 60-тите години.

По катастрофалниот земјотрес во Скопје, потребата за цемент значително порасна, што доведе до инсталирање на трета и четврта ротирна печка според сувиот метод, со употреба на предгревател од германската фирма Polysius во 1967 и 1973 година. Паралелно со зголемувањето на производството на клинкер, беа инсталирани нови млинови за цемент.

Копот за варовник Говрлево беше отворен во 1977 година.

Паралелно со зголемувањето на производните капацитети, имаше постојани подобрувања во квалитетот на цементот. Во 70-тите години, УСЈЕ произведуваше цемент ПЦ 450 и нашето хидраулично врзивно средство Усјемал, кое го лансиравме во 1978 година.

УСЈЕ растеше бргу, преку инвестирање и опремување со најсовремена технологија, што овозможуваше пониски трошоци на производство, безбедни услови за работа и заштита на Животната Средина.

Во 1980-1982 година, печките 3 и 4 се унапредија и работата на старите печки 1 и 2 престана во 1983 и 1984 година.

Во 1994 година, се изгради и започна со работа нова фабрика за производство на ЕПС изолационен материјал, кој почна да се продава на пазарот под заштитеното име УСЈЕПОР.

Во 1998 година, трансформацијата на сопственичкиот капитал донесе нови сопственици во УСЈЕ, Титан Групација и Holcim.


Постојаниот раст на Цементарница УСЈЕ АД резултираше со старт на фабриката за производство на Готов Бетон во 2000 година.






Заштитата на Животната Средина е од посебно значење за Цементарница УСЈЕ АД и направивме значителни вложувања во материјални и човечки ресурси, кои вклучуваат:
 

- Инсталирање на вреќасти филтри во млиновите за цемент 4, 5 и 6 во 1999 година (први во Југоисточна Европа);
- Отстранување на електростатичките и поставување вреќести филтри на линијата 3 и реконструкција на ладилниот систем за клинкер на ротирна печка 3 во 2000 година;
- Инсталирање на вертикален млин за мелење петрол кокс и реконструкција на систем за ладење на ротирна печка 4 во 2001 година;
- Отстранување на електростатичките и поставување вреќести филтри на линијата 4 во 2002 година.
- Воведување и спроведување на стандардите ISO 9001:2000 од 2004 година и ISO 14001:2004 за Заштита на Животната Средина од 2006 година.


Поважни Датуми
  • 1955 - Почеток со работа
  • 1960’ти - Производите на Цементарница Усје стануваат основа за градење на модерно Скопје по земјотресот во 1963 година
  • 1972 - Четвртата ротирна печка се става во употреба
  • 1977 - Се отвори копот за варовник Говрлево
  • 1978 - Новиот производ Усјемал се пласираше на пазарот
  • 1983/1984 - Печките 1 и 2 се гаснат
  • 1986 - Млинот за цемент број 6 почна со работа
  • 1998 - Титан Групацијата станува новиот сопственик на Цементарница Усје
  • 2000/2001 - Вреќести филтри се инсталираа на линијата 3 и се реконструираше ладилникот на клинкер за печката број 3
  • 2002/2003 - Вреќест филтер се инсталираше на печка 4
  • 2003/2004 - Се инсталираше опрема за летечки пепел