Профил на Компанијата

Цементарница УСЈЕ АД Скопје е основана во 1955 година недалеку од копот за лапор северозападно од Скопје. Цементарница УСЈЕ АД Скопје претставува извонреден пример на компанија со одржлив развој. Нашите постојани вложувања во производната технологија, започнување и спроведување на разновидни проекти во сферата на заштитата на животната средина, развој на заедницата и останати проекти во областа на Корпоративната Општествена Одговорност се главните придобивки од нашата филозофија на одржлив развој.

Компанијата го снабдува локалниот пазар, како и пазарите во регионот (Косово, Албанија и Бугарија) со Портланд цемент  (во согласност со стандардот EN-197-1)


EN-197-1, CEM II/A-M 42.5N
EN-197-1, CEM II/B-M 42.5N
EN-197-1, CEM I 42.5N
Хидраулично врзивно средство Усјемал

Цементарница УСЈЕ АД Скопје ги смета своите вработени како конкурентна вредност заради ориентацијата кон луѓето длабоко врежана во нашата корпоративна филозофија, и ние продолжуваме да инвестираме во нивниот личен и професионален развој.

Цементарница УСЈЕ АД Скопје го имплементираше Системот за квалитет ISO 9001:2000 од јули 2003 година. Системот за квалитет е дизајниран како крајна определба за примена на принципи на целосен квалитет во сите активности на Компанијата.

Постојаното подобрување на ефикасноста во нашата организација, процедури и методи во сите области кои се дел од системот се крајните цели на нашата Политика за Квалитет.

Во мај 2005 година, Компанијата се здоби со сертификат за Системот за управување со животна средина ISO 14001:2004, со што ги продлабочи своите континуирани напори за намалување на влијанието на активностите на Компанијата врз Животната Средина.

Системот за заштита при работа OHSAS 18001 се имплементира од Април 2010 година, а сертификацијата беше добиена во Јануари 2011.

Глобални Локации на Титан Групација