Цементарница УСЈЕ на Саем за вработување и кариера БЕСТ 2020

06.11.2020

Како дел од нашата стратегија за придонес кон развојот на млади инжениери преку унапредување на нивните знаења и вештини, овозможување на пракса и креирање на посакувани работни места, УСЈЕ беше дел од 16тиот Саем за вработување и кариера.

Оваа година за првпат саемот беше “виртуелен- онлине” во организација на БЕСТ- Борд на Европски Студенти по Технологија, а претставник од Цементарница УСЈЕ преку онлине платформа ја претстави компанијата и одговараше на прашања од студентите поврзани со можностите кои компанијата ги нуди за вработување и посетување на пракса.

Цементарница УСЈЕ како потписник на Eвропскиот Пактот за млади (Pact4Youth) преку учеството на вакви настани им овозможува на младите да стапат во директен контакт со нашите луѓе и подетално да се запознаат со можностите кои ги нуди Цементарница УСЈЕ за вработувње и стекнување на ценето практично искуство.