Цементарница УСЈЕ домаќин на средбата на Советот на стопанственици од Кисела Вода

02.10.2020


На 1 октомври, Цементарница УСЈЕ беше домаќин на средбата на претставници на Советот на стопанственици на Општина Кисела Вода, на која присуствуваа и градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски и заменикот на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи.

Дискусијата ја предводеше Борис Хрисафов, Главниот извршен директор на Цементарница УСЈЕ и претседател на Советот на стопанственици, а на средбата претставниците на бизнис секторот имаа можност да разговаат за економската состојба и предизвиците со кои се соочуват, како и да дадат предлози за ублажување на економските последици кои се настанати поради пандемијата.

Цементарница УСЈЕ продолжува со својата определба за општествено одговорно и транспарентно делување во заедницата, како и и проактивно учество во сите активности за поддршка на општината.