Отворени денови во Компанијата

10.11.2019

Посета на инспектори за животна средина
На Околу 17 инспектори за животна средина од различни владини инсититуции ја посетија нашата компанија. Тие присуствуваа на презентација на нашите заложби за заштита на животната средина и општествена одговорност и обиколка на нашите погони за да се запознаат со нашите процеси и активности за заштита на животната средина.

Посета на студенти од УАКС
Околу 20 студенти од УАКС и нивниот професор по животна средина ја посетија компанијата за да се запознаат со нашите заложби за животна средина и обиколка на нашите погони и процеси.

Посета на студенти од Технолошкиот факултет и Економскиот факултет
Околу 30 студенти од Технолошкиот факултет и 15 студенти од Економскиот факултет го посетија Секторот за квалитет за да се запознаат со нашиот процес на контрола на квалитетот.

Посета на ученици од средно училиште за градежништво
Околу 30 студенти од средното градежно училиште со нивните професори го посетија Погонот за производство и Секторот за квалитет за да се запознаат со процесот на производство на цемент и контролата на неговиот квалитет.