Цементарница УСЈЕ го поддржа воведувањето на дуално образование


06.06.2019

Потребата од воведување на дуалното образование како комбинација на практични вештини, теоретски знаења и клучни компетенции и воспоставување рамнотежа помеѓу понудата и побарувачката на стручни, квалификувани и лесно вработливи кадри, беше целта за организирање на трибината: „Предизвици за подобрување на дуалното образование – идни чекори“, организирана од страна на Стопанската комора на Македонија во соработка со Европската бизнис асоцијација на која присуствуваше и Борис Хрисафов, Главен извршен директор на Цементарница УСЈЕ АД Скопје.

“Недостиг од кадар чувствуваат сите компании. За таа цел, потребна е зголемена посветеност на сите чинители за воведување на современи мерки доколку сакаме да добиеме квалитет во образованието” – потенцираше Борис Хрисафов Главен извршен директор на Цементарница УСЈЕ АД – Скопје.

Учесници на трибината беа д-р Кочо Анѓушев, заменик на претседателот на Владата, Штефан Петер, претседател на Управниот одбор на австриската енергетска компанија, Тобијас Боле од Делегација на германското стопанство во Северна Македонија и М-р Мирјана Ковачевиќ, раководител на Центарот за едукација, дуално образование и образовани политики при Стопанската комора на Србија.