Цементарница УСЈЕ дел од панел конференцијата „ГЛОБАЛНИ ЦЕЛИ ЗА ЛОКАЛНА ОДРЖЛИВОСТ“



Како добитник на наградата Предводник на целите за оджлив развој, Цементарница УСЈЕ учествуваше на панел конференцијата “Глоблани цели за локална одржливост” која во организација на Здружението Конект во партнерство со Агора и Бугарската мрежа на Глобалниот договор се одржа како завршен настан од проектот „Градење меѓусекторски партнерства за одржлив развој“ финансиран од Европската Унија.

Менаџерот за човечки ресурси и општествена одгвоорност на Цементарница УСЈЕ, г-ѓа Магдалена Славејкова беше учесник на конференцијата говорејќи за тоа кои се придобивките за Цементарница УСЈЕ од усогласување на стратегијата на УСЈЕ за општествена одговорност со целите за одржлив развој, како и тоа кои наши соработки со друг страни би ги издвоиле како клучни и со најголемо општествено влијание.

Во рамки на двете панел дискусии претставници на меѓународни организации, домашни и странски компании, како и владини функционери разменија мислења и посочија на начините за примена на Целите за одржлив развој кај локалната бизнис заедница, преку истакнување на успешните искуства од меѓународната и домашната практика.

Конференцијата ги обедини на едно место сите релевантни чинители од земјата кои се посветени кон исполнување на Агендата 2030 за Целите за одржлив развој. На овој начин тие учествуваа во креирањето на политиките за одржлив развој, придонесувајќи за реформските процеси за ЕУ интеграција и поврзување на нашата земја со актуелните глобални трендови.

На Конференцијата воведно обраќање имаше г. Никола Бертолини, Раководител на секторот за соработка на Делегацијата на Европската Унија во нашата земја кој укажа на заложбата на ЕУ за активна поддршка на нашата земја за успешна имплементација на Целите за одржлив развој (ЦОР), а за што се очекува понатамошен придонес и од институциите и од компаниите и граѓанските организации.