Соработка со универзитетите

УСЈЕ во поддршка на SARCOS COST –RILEM докторски курс


23.07.2018

Цементарница УСЈЕ во соработка со Технолошко-металуршкиот факултет во рамките на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје ќе го поддржи докторскиот курс на САРКОС-КОСТ-РИЛЕМ. УСЈЕ ќе дозволи пристап до своите лабораториски простории кои им овозможуваат на младите истражувачи пристап до современа опрема и експертиза од нашиот искусен тим. RILEM е меѓународна унија на експерти во градежни материјали, системи и структури со цел да се промовира научната соработка.

Курсот ќе покрие теми поврзани со: Неоргански врзивни материајли: историски развој, производство, состав и својства; Дополнителни цементни материјали; Автогено само-заздравување на историски врзива; Состојба на водата во неоргански врзива; Модел на сили; Нанофилери во цементни композити; Гипс и неговата употреба во градежништвото; Контрола на вода во неоргански врзива и суперабсорбентски полимери; Инженерски цементни композити итн.

Курсот ќе ги збогати учесниците со најновите сознанија за напредните материјали и технологии поврзани со неоргански врзива, улогата на наноматеријали, модерната употреба на композити, одржливоста и безбедносните барања за употреба на неоргански материјали во градежништвото и други теми. Студентите ќе ги споделат своите последни истражувачки резултати и ќе учествуваат во лабораториските работи.

Повеќе инфо можете да добиете на следниот линк: http://www.tmf.ukim.edu.mk/RILEM%20brochure.pdf