Цементарница УСЈЕ учесник на “Денови на кариера” на Универзитетот Американ Колеџ Скопје

22.02.2018


На 22 февруари 2018 година, Цементарница УСЈЕ АД Скопје беше учесник на настанот “Денови на кариера” кој се одржа на Универзитетот Американ Колеџ Скопје, каде пред голем број на студенти ги презентираше можностите кои ги нуди за реализирање на студентска пракса. Овој настан е во рамките на нашата стратешка определба за поддршка на младите талентирани луѓе и нивниот професионален развој. Во оваа насока Цементарница УСЈЕ е потписник на Европскиот “Пакт за млади” (“Pact4Youth”), иницијатива која има за цел да го зајакне партнерството помеѓу компаниите и образованието заради зголемување на можностите за вработување на младите талентирани луѓе.

Цементарница УСЈЕ долги години по ред обезбедува стипендии за постдипломски студии за талентирани студенти, а во соработка со факултетите и студентските организации, редовно нуди можност за практична работа на голем број странски и домашни студенти.