Јубилејна награда за УСЈЕ за општествена одговорност

16.11.2017


Цементарница УСЈЕ доби jубилејна наградa за најнаградувани компании во изминатите 10 години. Наградата ја додели Координативното тело за општествена одговорност и Министерството за економија на Република Македонија на годинешното доделување на Националната награда за најдобри општествено одговорни практики на македонските претпријатија за 2017.

УСЈЕ ја добива јубилејната награда како признание за досегашниот придонес во областа на општесвената одговoрност и активно спрoведување на проекти во изминатите 10 години.

„ Ми претставува огромна чест и задоволство што Цементарница УСЈЕ веќе 10 години е дел од овој настан, особено што сме една од компаниите кои се најнаградувани во овој период во сегментот на општествената одговорност. Оваа награда претставува големо признание и потврда за се што сме направиле на полето на општествената одговорност со што сме помогнале во развојот на заедницата. Компаниите се дел од зедницата и имаат своја одговорност и улога за нејзиниот развој. Тие мора да бидат дел од решенијата на проблемите во општеството, за заедницата да стане подобро место за живеење за сите. УСЈЕ и во иднина ќе продолжи активно да учествува во проекти за корпоративна општествена одговорност иницирани и поврзани со заедницата. Во оваа прилика сакам да ги поттикнам и сите останати компании кои досега не биле вклучени, во иднина да земат активно учество во проекти поврзани со заедницата, а во таа насока подготвени сме и да помогнеме споделувајќи го нашето искуство во овој сегмент на сите заинтересирани компании. “, изјави главниот извршен директор на Цементарница УСЈЕ Борис Хрисафов, кој истовремено управува и со одборот за корпоративна општествена одговорност на компанијата.

УСЈЕ во изминатите 10 години неколку пати е носител на национално признание за општествено одговорни практики. Компанијата е носител на пет национални награди, шест признанија и две јубилејни признанија, на одбележувањето на пет годишнината од доделувањето на Национални награда за опшетвено одговорни практики и оваа што беше доделена, на одбележувањето на 10 годишнината.

Инаку, Цементраница УСЈЕ од 2008-та година е потписничка и членка на Глобалниот договор на Обединетите нации (ОН) што ја обврзува да ги почитува принципите на општествено одговорно делување во областите на заштитата на животната средина, човековите и работничките права, антикорупциското делување и коропративното управување и лидерство.

За своите напори и активности во сферата на одржливиот развој, управување со животната средина и општествено одговорното делување, компанијата, почнувајќи од 2010-та година објавува сеопфатен годишен извештај кој годинава за првпат доби и меѓународна верификација за напредно ниво од страна на специјализирана меѓународна ревизорска агенција за проверка на ваков вид извештаи.