Цементарница УСЈЕ организираше акција за садење дрвца


02.12.2016

На 02 декември 2016 година, компанијата Цементарница УСЈЕ организираше акција за садење на дрвца. Околу стотина наши вработени заедно со менаџерскиот тим, преку оваа волонтерска акција, засадија неколку стотици дрвца од видот аризонски чемпрес, багрем и даб на локација во рудникот за лапор во село Припор, во кругот на нашата фабрика.

Имено, секоја година на иницијатива на Компанијата се реализираат хортикултурни проекти за засадување на нови садници, цвеќе и уредување на зелениот појас во образовните институции и јавните простори на територија на Општина Кисела Вода.

Придонесот кон заштитата на животната средина, како и подигање на свеста за значењето на заштитата на животната средина претставуваат едни од основните приоритети на нашата Компанија и суштински дел од нашата корпоративна општествена одговорност.