СТУДЕНТИ ОД АМЕРИКАН КОЛЕЏ ВО ПОСЕТА НА ЦЕМЕНТАРНИЦА УСЈЕ


02.11.2016

На почетокот на месец ноември, студенти од Американ колеџ во Скопје имаа можност да ја посетат нашата компанија и подетално да се запознаат со нашиот производствен процес и начинот на функционирање.

Студентите во текот на својата посета и обиколка низ фабрката имаа можност да продискутираат со нашите вработени за прашања поврзани со начинот на производство, кои суровини ни се потребни и како со нивна обработка доаѓаме до финалниот производ , кои се аспектите од областа на животната средина на кои им се посветува посебно внимание и како се мерат емисиите во воздухот.

Оваа посета на студентите е во склоп на нашата стратегија за општествено одговорни практики и поддршка на заедницата, како и соработка со универзитетите.