Со волонтерска работа на вработените и менаџментот

Цементарница УСЈЕ се вклучи во акцијата “Maкедонија без отпад 2016”


01.10.2016

Скопје, 01.10.2016 – И оваа година Цементарница УСЈЕ се приклучи кон националната кампања „Македонија без отпад 2016“ иницирана од Министерството за животна средина и просторно планирање и асоцијацијата за чиста животна средина „ Ајде Македонија“.

Во рамки на оваа кампања, голем број вработени и членови на менаџментот на Цементарница УСЈЕ спроведоа волонтерска акција за чистење на отпадоците на јавните површини во околината на фабриката.

Оваа акција на вработените и менаџментот на Цементраница УСЈЕ е интегрален дел од континуираните напори и активности на компанијата за заштита и унапаредување на животната средина.

„Поддршката на кампањата „Македонија без отпад“ соодветствува со нашите стратешки иницијативи за заштита на животната средина во рамки на општествената одговорност на компанијата. Дополнително, со ваквите акции, Цементарница Усје, со доброволно учество на своите вработени, придонесесува за подобрување на здравјето на граѓаните, на што сме особено горди“, изјави Борис Хрисафов.

Националната кампања „Македонија без отпад 2016“ се спроведува во голем број општини на територијата на целата земја и е дел од глобалната акција „Lets'do it! World 2016“, која е и официјално поддржана од Европскиот Парламент, а годинава се одвива во 112 земји.

Целта на кампањата е да поттикне граѓански активизам и волонтерство, како и да ја развие свеста и навиките кај сите граѓани за правилното управување со отпадот.