Цементарница УСЈЕ организираше форум за комуникација со засегнатите страни

17.09.2015

Со цел натамошно зацврстување на односите и продлабочување на трансперентната комуникација и вклученост на сите засегнати страни, на 17.09.2015г. Цементарница УСЈЕ организираше форум за комуникација со засегнатите страни. На форумот, беше презентиран нашиот Извештај за општествена одговорност и одржлив развој за 2014 г. на 65 претставници на сите групи засегнати страни, односно локалната заедница, клиентите, изведувачите и добавувачите, други бизнис компании како и надлежни претставници од доменот на животната средина од МЖСПП, НВО и истакнати професори, за да дискутираме и добиеме повратни информации и согледувања во однос на податоците и таргетите објавени во нашиот Извештај.

Настанот беше отворен со презентација на Извештајот за општествена одговорност и одржлив развој за 2014 од страна на нашиот Главен извршен директор, г-дин Борис Хрисафов, кој е прв наш извештај на Напредно ниво според критериумите на Глобалниот договор на Обединетите Нации ревидиран од независна ревизорска компанија.

По презентацијата на Извештајот следеше дискусија со цел добивање повратни информации и сугестии за планирање и подобрување на идните активности на полето на општествената одговорност на нашата Компанија. Во дискусијата, помеѓу другите, учествуваа претставници на општината, Министерството за животна средина, Срекретаријатот на локалната мрежа на Глобалниот договор во Македонија, на професори и претставници од други бизнис компании.

Форумот помина во позитивна, но и конструктивна атмосфера, бидејќи покрај позитивните изјави од учесниците во врска со Извештајот, слушнавме и препораки, сугестии и нови идеи од нашите засегнати страни. Сето тоа ќе ни помогне во натамошно подобрување на нашата Агенда за општствена одговорност во насока на нашите континуирани заложби за развој на корпоративната општествена одговорност во земјата и напорите за ширење на најдобрите практики.