УСЈЕ дел од час на планетата земја по шести пат

30.03.2015

Со исклучување на мелниците за цемент, Цементарница УСЈЕ АД Скопје се приклучи кон глобалната акција „Час на планетата земја“. Мелниците на компанијата останаa еден час без напојување со електрична енергија во периодот од 20:30 до 21:30 часот во сабота на 28. март, во исто време кога поддржувачите на оваа акција во светот ќе го сторат истото.

УСЈЕ заштеди 10 MWh електрична енергија со исклучувањето на мелниците за цемент, што е еднакво на потрошувачката на електрична енергија на над 3000 домаќинства во Скопје. Освен исклучувањето на мелниците за цемент, компанијата го исклучи напојувањето со електрична енергија и во останатите погони, каде што тоа го дозволуваат безбедносните мерки за заштита при работа.

„Ние во УСЈЕ сме посветени на нашата визија за правење повеќе добро и помалку штета.Нашата одлука за приклучување кон глобалната акција „Час на планетата земја“ јасно ја потврдува нашата определба за проактивен ангажман во заштитата на животната средина“, истакна Борис Хрисафов, Главен извршен директор на Цементарница УСЈЕ АД Скопје.

Покрај тоа, вработените на УСЈЕ ги исклучија апаратите за домаќинство од електрично напојување со што станаа дел од големото глобално семејство кое се грижи за животната средина.

Менаџерот за животна средина на УСЈЕ, во соработка со општината Кисела Вода, во петокот одржа куса презентација за глобалната акција „Час на планетата Земја“ на учениците во ОУ Кузман Јосифовски – Питу. Учениците беа запознати со кампањата, причините поради кои се организира, целите на кампањата, од кога се спроедува и слично.


Цементарница Усје АД веќе шеста година по ред е дел од оваа глобална акција која ја доби поддршката на стотици милиони луѓе, компании и организации во 5.200 различни градови од 135 земји ширум светот, со што прерасна во најголемиот настан за заштита на животната средина.