TITAN - News

Цементарница Усје АД Скопје со награда за Mенаџер за човечки ресурси на годината

Цементарница Усје АД Скопје е добитник на годинешната награда за најдобри практики во областа на менаџмент со човечки ресурси. Магдалена Славејкова менаџер за човечки ресурси во УСЈЕ е добитник на признанието „Менаџер за човечки ресурси на годината“ што го доделува Македонската асоцијација за човечки ресурси и се доделува за прв пат во нашата Република.

„Цементарница Усје, како дел од групацијата ТИТАН, е организација која препознава дека одржливиот развој се темели на луѓето, на способноста, однесувањето и соработката на нашите вработени, кои заземаат централно место во нашата Водечка цел и нашата Стратегија. Оттаму произлегува и нашата визија „Да обезбедиме ангажираност на нашите луѓе и мисловна и емоционална“. Токму затоа УСЈЕ во континуитет инвестира во развој на своите вработени и овозможува развој на нивните кариери. Задоволството на работното место е н ајголема мотивација за секој човек, зашто така и неговата посветеност и ангажираност се поголеми. Затоа ние во УСЈЕ се грижиме нашите вработени да бидат задоволни, бидејќи тие се нераскинлив дел од компанијата. И во иднина за УСЈЕ најважен приоритет остануваат луѓето“, изјави Магдалена Славејкова, менаџер за човечки ресурси.


Македонската асоцијација за човечки ресурси е формирана во 2009 година, а нејзина главна мисија е да ја поддржува и развива професијата управување со човечки ресурси и да придонесува за унапредување на нејзиниот статус. Македонската асоцијација за човечки ресурси е полноправен член на Европската асоцијација за човечки ресурси (ЕАПМ) и се залага за стандардизација и унапредување на оваа професија. Наградите за најдобар менаџер во областа на човечки ресурси се доделени во рамките на 6-тата Меѓународна Конференција „Стандарди и најдобри практики во менаџментот со човечки ресурси“, што се одржа на 03.10.2014 година во Скопје во организација на Асоцијацијата.