УСЈЕ модел за Односи со купувачите пред студентите од ESTIEM

УСЈЕ ги прими студентите од ESTIEM од цела Европа да им ги претстави своите најдобри практики во односите со купувачите

Vision е проект на ESTIEM (European Students of Industrial Engineering and Management) кој ги комбинира познавањето на инженерството и технологијата со менаџерските вештини. Тој претставува серија од семинари кои се одржуваат низ Европа и содржи предавања на академско ниво, обуки и посети на компании, работилници, како и активности за запознавање со локалната култура.

Оваа година, завршната конференција од серијата семинари на тема Односи со купувачите се одржа во Скопје во периодот од 20-25 мај 2014 година и беше организирана од ESTIEM локалната група Скопје.

УСЈЕ прими околу 20 студенти од ESTIEM за да ги сподели своите најдобри практики од областа на Односи со купувачите како и за да им овозможи увид и сознанија за работата и производствените процеси на наѓата Компанија