Цементарница УСЈЕ по трет пат учествуваше на традиционалниот Саем за вработување и кариера БЕСТ,
овојпат на Технолошко-металуршкиот факултет, Скопје.
На 11. и 12. Март 2014 г. се одржа 10. Саем за вработување и кариера во организирација на БЕСТ - Борд на Е
вропски Студенти по Технологија Скопје каде студентите имаа можност да се запознаат со претставници од
различни компании и да поразговараат за можностите за вработување и пракса.
УСЈЕ, како претпочитуван работодавач, со учеството на овој настан, има за цел да ги зајакне можностите за вработување на младите
образувани луѓе и на младите инженери во земјата да им овозможи практично искуство и вештини преку практична работа, како и доделување
стипендии за школување на домашни и меѓународни универзитети.