TITAN - News

Новогодишни донации - УСЈЕ донираше 100 пакетчиња за деца со посебни потреби од Кисела Вода

Цементарница УСЈЕ ја поддржа иницијативата на Здружението на граѓани за деца со посебни потреби ,,ДАМА – ЕЛ" од Скопје и Советот на општина Кисела Вода со донација на 100 новогодишни пакетчиња за децата од основните училишта и градинките од Кисела Вода. Целта на овој предновогодишен хуманитарен хепенинг е да им посакаме на овие деца среќна Нова година, исполнување на сите желби и безгрижни детски денови во новата 2014 година. Децата уживаа во прекрасната Новогодишна програма со Дедо Мраз, а на крајот добија новогодишни пакетчиња и плишани играчки.