УСЈЕ повторно дел од акцијата „Ден на дрвото “

На 27. ноември 2013, УСЈЕ по единаесетти пат се приклучи кон акцијата „Ден на дрвото – Засади ја својата иднина“.

Околу педесетина наши вработени заедно со менаџерскиот тим, преку оваа волонтерска акција, засадија дрвца на локација во атарот на село Мршевци, Скопско.

   

Нашата поддршка на акцијата „Ден на дрвото – Засади ја својата иднина“ е дел од нашите стратешки иницијативи за заштита на животната средина. Покрај другите активности, го подобруваме и хортикултурно уредување на образовните институции и јавните простори во Општина Кисела Вода со што придонесуваме кон подобрување на здравјето на граѓаните од нашето соседство и го поттикнуваме одржливиот развој на Општината.