УСЈЕ на „Саем за кариера 2013“

На 9. октомври, 2013 г. УСЈЕ учествуваше на првиот локален „Саем за кариера“ во организирација на Младинскиот совет на Американската амбасада во Република Македонија.

На настанот, мотивациски обраќања имаа видни личности од дипломатските мисии, бизнис фелата и граѓанските организации. На Саемот за кариера и работилниците, сите учесници имаа можност да се запознаат со претставници од различни компании и да поразговараат за можностите за вработување и волонтирање.

Ваквиот концепт е тесно поврзан со нашата цел да придонесеме кон развивањето на младите инжењери во земјата преку унапредување на нивните знаења и практични вештини со овозможување на практична работа, како и доделување стипендии за школување на домашни и меѓународни универзитети. Цементарница УСЈЕ, како претпочитуван работодавач, има цел да им овозможи на студентите да стапат во директен контакт со нашите луѓе и да научат повеќе за УСЈЕ и за идните можности за вработување.