Во текот на април и мај, 50-тина студенти и средношколци од Технолошко-металуршкиот факултет, Меѓународниот балкански
универзитет и Средното хемиско училиште ја посетија нашата компанија.
Преку обиколка на производствените капацитети, тие директно се запознаа со нашиот процес на производство и контролата
на квалитетот на нашите производи.
Студентите од Технолошкиот факултет и Хемиското училиште и учениците имаа можност да го посетат Секторот за квалитет (лабораторија)
и да бидат воведени во нашиот процес за контрола на квалитетот како на суровините, така и на финалните производи. Исто така, тие детално
беа запознати со нашиот производствен процес од самиот почеток, експлоатација на суровините, преку создавањето на цементот до неговото
пакување и продажба.
Студентите од Меѓународниот балкански универзитет при обиколката на капацитетите најмногу беа заинтересирани за нашите заложби и
постигнувања во областа на безбедноста и здравјето при работа.
Образованието и младите како движечка сила во општеството претставуваат едни од врвните приoритети на политиката за општествена
одговорност на нашата Компанија.