Засадување рози во училишните дворови

Со цел подигање на свеста за заштита на животната средина и постојано подобрување на условите за најмладите, УСЈЕ веќе осма година донира и учествува во засадувањето дрвца и цвеќиња во основните училишта и детските градинки во Општина Кисела Вода.

Оваа пролет, Компанијата, паралелно со учеството во кампањата „Скопје – Град на розата“ во која донираше и засади 5000 рози, организира и акција за засадување рози во училишните дворови на основните училишта и градинките.

Во текот на месец април, менаџементот и вработените на УСЈЕ заедно со учениците и децата од градинките, како и нивните наставници засадуваат садници на роза во училишните дворови во Општината.

Грижата за животната средина претставува важен приоритет на Цементарница УСЈЕ АД Скопје и е интегрален дел од нашата политика за општествена одговорност. На овој начин сакаме да им ја пренесеме оваа вредност и на најмладите.