Посета на децата од Домот за деца без родители „11 Октомври“ Скопје

На 05. април 2013 г., околу 15-тина средношколци од Домот за деца без родители „11 Октомври“ Скопје на возраст од 14 до 18 години ја посетија нашата фабрика.

Преку обиколка на производствените капацитети тие дознаа како го произведуваме цементот и како го проверуваме неговиот квалитет.

Учениците имаа можност да го посетат Секторот за квалитет (лабораторија) и да се запознаат директно со вработените, менаџерите и активностите и задачите во овој сегмент од работата на нашата Компанија.

Посетата беше дел од проектот на Американската Стопанска Комора (AmCham) за поддршка на децата штитеници во Домот за деца без родители „11 Октомври“ Скопје, при што тие директно се запознаа со нашето работење и процеси, што пак ќе им помогне во подобрување на своето разбирање на професиите и работните места во реален живот и реална компанија за полесно пронаоѓање на својата идна потенцијална професија.

Поддршката на образованието и на најмладите генерации е еден од врвните приoритети на политиката за општествена одговорност на нашата Компанија и секогаш сме подготвени да им понудиме можности за образование на младите во земјата.