Пречистителна станица за атмосферски и површински води во Цементарница Усје АД Скопје

Цементарница Усје следејки ја политиката за заштита на животната средина воспостави систем за рационално користење на водите кој вклучува:
  - Вода од градски водовод се користи само за санитарни потреби
  - Tехничката вода (за ладење на опремата) се филтрира и рециркулира во затворен систем,
  - Фекалните отпадни води се целосно одделени од атмосферските води и се испуштаат во градска канализациона мрежа
  - Атмосферските води од фабриката и водите од миење на улиците во фабриката се собираат и дренираат преку систем на отворени канали.

Како надградба на постоечкиот систем, Цементарница Усје во март 2013 година пушти во пробна работа Станица за третман на атмосферските води и водите од миење на улиците во фабриката. Тоа е прва станица за третман на атмосферски води на територијата на Република Македонија. Како техничко – технолошко решение избрана е компактна пречистителна станица за механичко и хемиско пречистување на атмосферските води и водите од миење на улиците кои се оптоварени единствено со цврсти честички.

Пречистителната станица ги задоволува стандардите за испуштања во површински води според Правилникот за условите,начинот и граничните вредности на емисија за испуштањето на отпадните води по нивното прочистување, начинот на нивно пресметување (Сл.Весник на РМ 81/2011) и според Европска Директива за урбани отпадни води 91/271/ЕЕЦ

Со реализација на овој проект Цементарница Усје исполнува повисоки стандарди од законските предвидените. Со оваа инвестиција завршени се сите обврски превземени со Оперативното План од А-Интегрираната еколошка дозвола пред истекот на крајниот рок од април, 2014 година.