TITAN - News

УСЈЕ се приклучи на иницијативата за засадување на рози во Градот Скопје

Иницијативата за засадување на бели рози во Скопје е донесена како резултат на научната студија која покажува дека белата роза е еден од најдобрите пречистувачи на амбиенталниот воздух.

Во рамките на оваа акција, Цементарница УСЈЕ АД Скопје донираше 5.000 рози во Општината Кисела Вода. Менаџментот на компанијата и повеќе од 100 вработени во текот на акцијата засадија 760 бели рози пред влезот на компанијата и на пристапниот пат до булеварот Србија.

Следните денови вработените во компанијата ќе продолжат со садењето на розите и по должината на булеварот Србија во непосредна близина на Цементарница УСЈЕ АД Скопје.

„Цементарница УСЈЕ со задоволство се приклучи кон акцијата на засадување рози во градот Скопје. Нашата компанија повеќе години поседува свој расадник во кој се одгледуваат голем број различни садници и цвеќиња кои ги користиме за зазеленување на површините во кругот на фабриката, но и во училиштата, градинките и другите јавни површини во Кисела Вода. Минатата година произведовме и засадивме повеќе од 30.000 садници на дрвца и цвеќиња, изјави Борис Хрисафов, Главен извршен директор на Цементарница УСЈЕ.

Придонесот кон заштитата на животната средина, како и подигање на свеста за значењето на заштитата на животната средина претставуваат едни од основните вредности на нашата Компанија и суштински дел од нашата корпоративна општествена одговорност.