УСЈЕ дел од „Ден на дрвото – Засади ја својата иднина“ по 10-ти пат

Корпоративното волонтирање и грижата за животната средина претставуваат важни приоритети на УСЈЕ и се едни од главните столбови на нашата политика за општествена одговорност.

Затоа, на 21. ноември 2012 Компанијата по десетти пат се приклучи кон акцијата „Ден на дрвото – Засади ја својата иднина“.

Цементарница УСЈЕ АД Скопје донираше 200 дрвца со висина од 150cm – 170cm од кои 100 јасени и 100 од зимзелениот вид Thuja Columnaris.

   

Околу дваесетина наши вработени заедно со менаџерскиот тим, преку оваа волонтерска акција, ги засадија дрвцата на локација во Oпштина Кисела Вода.

Нашата поддршка на акцијата „Ден на дрвото – Засади ја својата иднина“ е дел од нашите стратешки иницијативи за заштита на животната средина. Покрај другите активности, го подобруваме и хортикултурно уредување на образовните институции и јавните простори во Општина Кисела Вода со што придонесуваме кон подобрување на здравјето на граѓаните од нашето соседство и го поттикнуваме одржливиот развој на Општината.