TITAN - News

Ново спортско игралиште за патронатот на ОУ “Партенија Зографски”

По повод Патрониот празник на 01. ноември 2012 год., во основното училиште “Партенија Зографски” свечено беше пуштено во употреба повеќенаменско спортско игралиште, кое се наоѓа во состав на училишниот двор и ќе се користи за различни спортски дисциплини како ракомет, кошарка и гимнастички вежби.

Игралиштето е со површина од околу 300 квадратни метри, а во неговата изградба учествуваше и Цементарница УСЈЕ АД Скопје како дел од проектот „Партнерство со училиштата“. Во овој проект, секој Менаџер од УСЈЕ е одговорен за едно училиште или градинка во Општината Кисела Вода. На отворањето присуствуваше Техничкиот директор на Цементарница УСЈЕ, г-дин Гоце Цветкоски, одговорен за училиштето „Партенија Зографски“.

На свеченоста, УСЈЕ доби и благодарница за повеќегодишна успешна соработка со училиштето.