TITAN - News

Продажба на малцински удел од операциите на Титан на Западен Балкан

TITAN Cement Company S.A. објавува капитална инвестиција од страна на Меѓународната Финансиска Корпорација (ИФЦ) во висина од 50 милиони евра во подружниците на ТИТАН во Република Македонија, Србија и Косово. Со трансакцијата ИФЦ се здоби со сопственост на малцински удел од околу 11,5% во операциите на ТИТАН во горенаведените земји.

Со ова, ТИТАН  ја проширува соработката со институција како што е Меѓународната Финансиска Корпорација (ИФЦ) во регионов, која започна со фабриката во Албанија, а се очекува да додаде значителна врендост на инвестициите на ТИТАН во Југоистична Европа.

ТИТАН е независен производител на цемент и градежни материјали со 110 години искуство во индустријата.  Групацијата е со седиште во Грција и поседува фабрики за цемент во 9 земји, а организирана е во четири географски сегменти: Грција и западна Европа, САД, југоисточна Европа и источен Медитеран.  ТИТАН, низ историјата секогаш имал за цел да постигне комбинација на совршеност во работењето, со почит кон луѓето, општеството и животната средина.

Во 2011 година Групацијата реализираше продажба од 15,3 мил. тони цемент и цементни материјали, 3,7 мил. м3 готов бетон и 10,9 мил. тони агрегати и други градежни материјали како бетонски блокови, суви малтери, итн.  Подетални финансиски и други информации се објавени на страната на ТИТАН Групацијата: www.titan-cement.com.