Цементарница УСЈЕ домаќин на дечињата од градинката „8-ми Март“

Цементарница УСЈЕ со задоволство ги отвори вратите за дечињата од градинката „8-ми Март“ од Пржино. На 08.05.2012, петнаесет дечиња придружувани од своите учителки беа наши гости и поствуваа прaшања за цементот и неговата употреба. Согласно образовната програма на градинката, децата нагледно беа запознаени со цементот - материјал од кој се изградени нивните домови, како и сите куќи и згради, мостови, итн. За децата особено интересна беше нашата лабораторија.