Годишна програма за стипендии за МБА студии во странство на УСЈЕ

 

                                                   

Цементарница УСЈЕ АД Скопје доделува две стипендии за постдипломски студии на МБА Програмата на Факултетот за постдипломски бизнис студии АЛБА во Атина, Грција за учебната 2012/2013 година. Стипендијата ги покрива сите трошоци за школување и сместување за времетраење на студиите.

Основни критериуми:

1. Диплома за машински, електро или технолошки инженер (просечна оценка над 8,00)
2. Одлично познавање на англиски јазик – сертификат (TOEFL, минимум 100 бода (ALBA код 0942), IELTS мин. 7.0 или Proficiency of Cambridge или Proficiency of Michigan )
3. Се очекува и GMAT (минимум 550 бода, ALBA MBA код 3BM-38-74)
4. Минимум три години работно искуство 5. Две писма со препорака

Кандидатите кои ги исполнуваат критериумите да ги испратат комплетните документи за пријавување најдоцна до 31.05.2012 год. на e-mail: hr@usje.com.mk  или на адреса: Цементарница УСЈЕ АД Скопје, Борис Трајковски 94, 1000 Скопје.

Кандидатите треба да се пријават и on-line за Full Time MBA со превземање на формуларот за пријавување од https://applications.alba.edu.gr/ , контакт лице од АЛБА, Ms Z. Kourounakou, Director of International Relations, e-mail: zkouroun@alba.edu.gr ; http://www.alba.edu.gr/Academic/ .


Корпоративната општествена одговорност отсекогаш е во стратегијата и филозофијата на нашата Групација и има директно и постојано влијание врз работењето како деловно претпријатие, како во сферата на работните односи и инволвираноста во општеството. Согласно нашиот пристап за интегрираност во општеството, социјалната политика на Групацијата се имплементира во областите во кои Групацијата има знаење и искуство, што претставува неопходен предуслов за додадена вредност, меѓу кои образование, животна средина и безбедност и здравје при работа. Во овој контекст, Цементарница УСЈЕ АД Скопје ја објавува седмата Годишна програма за стипендии за училишната 2012/2013 година, која ќе обезбеди две стипендии за врвни дипломирани студенти од Македонија за постдипломски студии на Факултетот за постдипломски бизнис студии АЛБА во Атина, Грција.