ОТВОРЕН ДЕН


ДОБРЕДОЈДОВТЕ!

Почитувани гости и пријатели, Од своето основање во 1955 година, Цементарница Усје АД Скопје е значаен чинител во економијата и во заедницата. Изградена во тогашната област означена како индустриска зона, Цементарница Усје расте и се развива заедно со градот Скопје. Во текот на овој развоен пат, се врши континуирана модернизација на производството и воведување нови производи. Усје отсекогаш била во тек со потребите на пазарот, со технолошките новитети во производството, но и со растечката потреба за заштита на животната средина. Во 1998 година извршена е трансформација на сопственичкиот капитал на Цементарница Усје. Посветеноста на Групацијата ТИТАН кон одржлив развој и активностите со кои се демонстрира вистинска општествена одговорност, лесно се прилагодуваат кон веќе постојната традиција за технолшки напредок кој истовремено значи и грижа за заедницата, за вработените, за животната средина. Ни претставува задоволство што нашите активности и достигнувања денес можеме да ги споделиме со Вас.

ГРИЖА ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
Главни приоритети во заштитата на животната средина:
• Употреба на современи еколошки технологии по највисоки стандарди и А интегрирана еколошка дозвола
• Рекултивација на пределите во кои се одвиваат компаниските активности
• Негување еколошки одговорни ставови и однесување - ISO 14001:2004 имлементиран од 2006 г. и ISO 14001:2004 имплементиран од 2009 г.
Повеќе од 90.000 дрвца се засадени или донирани од Усје од 1998 до денес.
Усје е првата компанија во земјава која воведе 24-часовен систем за следење, контрола на емисиите и намалување на влијанијата од процесот на производство, податоците се јавно достапни на нашата веб-страница

ГРИЖА ЗА ЗДРАВЈЕТО И БЕЗБЕДНОСТА НА ВРАБОТЕНИТЕ
Безбедноста и здравјето при работа е еден од носечките приоритети за Усје. Континуирано настојуваме да ја идентификуваме и елиминираме секоја по тенцијална безбедносна опасност при вршење на работните задачи и по тоа прашање немаме компромиси. Нашата визија е здрава работна средина. Холистичкиот пристап на Цементарница Усје доведе до успешна имплементација на Системот за управување со безбедност и здравје при работа со воведување на стандардот OHSAS 18001 во 2010 година. Затоа, Усје е една од водечките компании по ова прашање во Македонија.

ПАРТНЕРСТВО СО ЗАЕДНИЦАТА
Цементарница Усје е значаен активен учесник во раз војот на пошироката заедница.Како член на Глобалниот договор на Обединетите нации,Усје е иницијатор на значајни актив ности кои ја поттикнуваат соработката меѓу компаниите и институциите во областа на општествената одговорност. На локално ниво, Усје спроведува голем број проекти од интерес на граѓаните на општината Кисела Вода. Овие активности ги реализира ме во партнерство со локалната самоуправа, училишта та и градинките, со цел да го подобриме квалитетот на животот на граѓаните и да ја унапредиме средината во која живееме и работиме.

ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ
Во Цементарница Усје АД Скопје, успешноста се мери и преку придонесот на компанијата за средината во која делува и во која живеат и работат нејзините вработени. Определбата за општествено одговорно однесување е најважен дел од вредностите кои ги негува компанијата и се отсликува во секоја нејзина активност. Сметаме дека само однесу вањето кое води кон воспоставување партнерства со сите засегнати страни овозможува одржлив развој на долг рок за сите.


За да ја превземете поканата кликнете тука