Одвоени системи за собирање и одведување на атмосферски и отпадни води во УСЈЕ

Согласно нашите планови, како и според предвидените активности во Оперативниот План на А-ИСКЗ Дозволата издадена од Министерство за животна средина и просторно планирање, Цементарница УСЈЕ АД Скопје изгради систем за сепарирано собирање и одведување на атмосферските од отпадните води.

Овој проект е започнат во 2010 год. и истиот веќе има многу позитивно влијание врз животната средина преку намалување на количините и значително подобрување на квалитетот на отпадните води кои ги генерира УСЈЕ.