Цементаријада 2011 - спортски натпревари на вработените во цементарниците

Вработените во Цементарница УСЈЕ АД Скопје учествуваа на 22-та Традиционална Цементаријада 2011 која се одржа во Кладово, близу Ѓердап, Србија под покровителство и организација на цементарницата Лафарж, Беочин. Покрај учесниците од УСЈЕ, вработени од 4 други цементарници од регионот учествуваа во овој друштвено-спортски настан, поточно Цементара Лукавац од Босна, Холцим, Лафарж Беочин и ТИТАН Цементара Косјериќ од Србија, со околу 300 учесници.

Учесниците се натпреваруваа во 10 спортови и тоа: мал фудбал, ракомет, кошарка, одбојка, стрелаштво, пикадо, влечење јаже, риболов, пинг-понг и шах. Вработените на УСЈЕ освоија пехари за 1. место во риболов (мажи, поединечно) и 2. место (мажи, екипно); 1. место во стрелаштво (жени, поединечно) и 2. место во стрелаштво (мажи, поединечно); потоа 3. место во пикадо (жени, екипно). Освен тоа, Цементарница УСЈЕ АД Скопје доби и пехар за фер плеј.

Покрај спортските активности, учесниците на овој настан имаа и организирано пловење по Дунав и пикник на кој беше организиран натпревар во готвење рибја чорба на кои имаа прилика да се запознаат подобро и да разменат искуства и мислења.