Заштита на Животна Средина

Животната Средина не е нешто со кое можеме да се однесуваме како сакаме, туку треба да ја чуваме за идните генерации и наша обврска е да се погрижиме да остане недопрена и погодна за животот на човекот.
 
Политиките на ТИТАН за Животната Средина се фокусирани на постојано подобрување на управувањето со Животната Средина, за влијанието на работните активности врз природниот свет да се сведе на минимум, и на развивање иницијативи за да се подобри Животната Средина и квалитетот на животот во областите во кои се наоѓаат нашите производни капацитети.
 
Групацијата ТИТАН придонесува на посветеноста за одржлив развој преку три клучни приоритети: употреба на еколошки технологии, рекултивација на пределите во кои се одвивале нашите активности и култивирање на еколошки одговорни ставови и однесување.

Еколошките приоритети на Цементарница УСЈЕ АД се базирани на еколошките приоритети на групацијата ТИТАН, нашата матична компанија.
 
Во Јуни 2007 година доставивме целосна документација, заедно со Барањето за добивање дозвола за приспособување (Интегрирана Еколошка Дозвола), до Министерството за Животна Средина и Просторно Планирање во согласност со Законот за Животна Средина.