Зошто УСЈЕ?

Производството на цемент е разновиден процес кој вклучува многу параметри. Нашиот уникатен капитал за целокупниот процес се нашите луѓе. Нивната посветеност на овој процес ги прави производите од цемент високо квалитетни. Нашите вработени се основата на нашата Компанија.

Грижата за нашите вработени и нивните семејства е со висок приоритет.
Постојано инвестираме во развојот на нашите вработени преку разни програми на обука. Целта е грижа за здравјето на работниците и нивна едукација за заштита при работа. За нашите вработени од женски пол обезбедуваме бесплатна лекарска заштита кај доктор по нивен избор.

Заштитата при работа е една од фундаменталните едукативни програми во УСЈЕ. Се работи за неделен интерактивен пристап каде вработените и предавачите дискутираат заеднички за главните проблеми при работа и како тие да се елиминираат. Секоја година, ги проценуваме постигнатите резултати од овие едукативни програми.

Заклучокот е дека напредок има на сите полиња, а вработените се задоволни што нивните забелешки и сугестии се земаат сериозно и се применуваат. Со овој пристап ние постојано го подобруваме производствениот процес и нашата работа.

Вложувањето во едукација е секогаш исплатлива инвестиција, а желбата да се научи нешто ново е најблагородното нешто. Токму затоа Цементарница Усје вложува и во едукацијата на децата на нашите вработени со што дополнително ги мотивира да не го штедат својот труд кога инвестираат во своето знаење.

Преку постојаното инвестирање во нашите луѓе и технологијата на работа ние овозможуваме работа во безбедна околина според најсовремената технологија.