Кој е УСЈЕ?

Цементарница Усје АД ги дефинира своите вредности како интегритет, постојано подобрување, посветеност и испорачување резултати, вредности кон корисниците, знаење и Корпоративна Општествена Одговорност. Ова е нашата обврска кон нашите акционери, кон заедницата и кон нашите луѓе на кои Компанијата им е целосно посветена.

УСЈЕ ги применува принципите на Корпоративната Општествена Одговорност и одржливиот развој во нашите операции, кои не само што ја прикажуваат етичката одговорност, туку и нашата деловна практика.

Вработените во Цементарница УСЈЕ АД се основата или клучната алка во синџирот на нашите операции. Ние сме убедени дека задоволството на вработените е клучно за продуктивноста и целокупниот квалитет на процесот.

Компанијата вложува напор работното време да им биде пријатно и да ги добијат сите потребни услови.

Како дел од Титан Групацијата, Цементарница Усје АД е потписничка на Глобалниот договор на Обединетите Нации кој меѓу другото ги пропагира принципите на почитување на човековите права и високите стандарди за почитување на трудот и елиминација на дискриминацијата на работа во било каква форма.