Нашите Производи

Готов Бетон

Готовиот бетон е повеќенаменски производ кој ја приближува Цементарница УСЈЕ АД до корисниците и кој ни овозможува да ги исполниме нивните барања за повеќе интегрирани градежни решенија.

Главните столбови на нашата определба за задоволство на потрошувачите се:
              Производи по мерка
              Опсежни услуги

Производи по мерка

Производниот опсег на фабриката ги опфаќа сите типови бетон меѓу 10 и 45 MPa, додека по барање на корисникот, произведуваме и специјални типови бетон. Ние го прилагодуваме нашиот готов бетон за да ги задоволи специфичните потреби на нашите клиенти.

Со менување на соодносот на составните материјали, можеме да ги постигнеме бараните карактеристики кога ќе се стегне и кога е сè уште свеж. Употребата на различни хемиски примеси многу ја подобрува бараната спецификација на бетонот во текот на транспортот, леењето и како зацврснат бетон.

Опсежни услуги

Готовиот бетон е интегрален канал за нашиот цемент и агрегати. Ние дизајниравме и употребуваме напредни иницијативи за корисничка услуга за да го зајакнеме овој важен сегмент на синџирот вредности.

Нашата опсежна платформа на готов бетон ги опфаќа сите елементи на бизнисот со готов бетон - од употреба на суровини до производство на бетон и испорака.

Како правиме бетон

Бетонот се добива со мешање цемент и фин агрегат (песок), груб агрегат (чакал или дробен камен) и вода. Мали количини хемикалии, наречени примеси, често се додаваат во бетонската смеса за да се контролираат времето на зацврснување и пластичноста, или некои други карактеристики. Типично, смесата за бетон според маса претставува 10% до 15% цемент, 65-75% агрегати и 15-20% вода. Оптималниот капацитет на нашата мешалка за бетон е 50m3/h.

Цементот, агрегатите и водата се дозираат во мешалка според претходно тестиран и одобрен рецепт. Агрегатите се дозираат преку полнач и се транспортираат со лента во мешалката, каде се додаваат вода, примеси и цемент. Времето на мешање е околу 30 минути. Готовиот бетон се става директно во камион-мешалка низ конусен лизгач.

Квалитет на бетонот

Врвен квалитет на бетонот се постигнува само преку постојан надзор и одговарачки нагодувања во рецептурите. Нашата лабораторија за цемент редовно го контролира квалитетот на суровините и произведениот бетон. Лабораторијата е во постојан контакт со производниот погон и им дава инструкции за дневно нагодување на рецептите.

Како додаток на редовните проверки, лабораторијата на УСЈЕ има развојна улога во изработката на нови мешавини за различна употреба. Работата на нашата фабрика е редовно контролирана и проверувана од надворешен овластен институт.
Контакт
ул. Борис Трајковски, 94
1000, Скопје Р. Македонија

Тел: 00389 (2) 2782 500
Факс: 00389 (2) 2786 390

За детални контакт информации овде:

Сертификати