Заштита на Животна Средина


Емисии во воздух

Посветени сме на мерење, следење и јавно обелоденување на количините кои ги испуштаме во воздухот за да можат другите да го проценат нашето работење. Во нашите капацитети инсталирана е опрема за постојано следење на прашината,  NOx и  SO2, што ги испуштаме во воздухот.

Цементарницата УСЈЕ АД на ТИТАН е единствената компанија во нашата земја која има систем  за постојано автоматско следење кој ги мери и забележува испуштањата на прашина и гасови 24 часа на ден. Дневните податоци од овој автоматски систем за следење редовно се доставуваат до Министерството за Животна Средина и просторно планирање.

Цементарница УСЈЕ АД е првата Цементарница во Југоисточна Европа која инсталира вреќасти филтри на двете печки и ги замени застарените електростатски филтри. Десетици вакви еколошки вреќасти филтри се инсталирани и на другите системи и постројки во фабриката (млинови за цемент, млинови за суровина и др.).