Тие Изјавија...

Ленче Димитровска, Администратор во Сектор за Продажба

“Работата со луѓе е многу интересна и динамична, но истовремено и многу одговорна. Луѓето кои работат на шалтер се лицето на Компанијата и нивниот однос кон клиентите го создава имиџот на УСЈЕ. Секогаш се трудам да бидам професионална и да ги задоволам желбите и потребите на нашите клиенти совршено и посветено, затоа што тоа е УСЈЕ.”






Панче Стојановски, Раководител на Магацинска Служба

“Поминав повеќе од 40 години од мојата кариера во УСЈЕ. Се сеќавам на растот и развојот на Компанијата и бев директно вклучен во тоа што е УСЈЕ денес. Магацинот е една појдовна станица на нашите производи, кои потоа стануваат дел од нечиј дом, а преку нив ние и нашата Компанија исто така стануваат дел оф домовите на илјадници луѓе.”






Даневски Кирил, Електротехничар

“Почетокот на работната кариера на секој млад човек е полн со ентузијазам и големи очекувања. Тимот со кој работам е подготвен за спроведување нови идеи и спојот на младоста и искуството резултира со голем успех. За младите и амбициозни луѓе УСЈЕ е одлична околина за правење успешна кариера. Тука во УСЈЕ, моите очекувања во целост се исполнија, додека можноста да научам нешто ново е голема.”





Трпче Павлоски, Машински Техничар

„Производството на цемент е сложен процес и се состои од различни аспекти. Во машинската работилница каде работам правиме делови за потребите на секој оддел во Компанијата кои имаат различни улоги во производството на цемент и ние сме дел од целиот процес”.