Заштита на Животна Средина


Мерења на Емисии

ТИТАН Цементарницата УСЈЕ АД е единствената компанија во нашата земја која има систем  за постојано автоматско следење кој ги мери и забележува испуштањата на прашина и гасови во реално време.

Независната компанија SICK од Германија е производител на тие инструментите. Во табелата е прикажан краток преглед на видовите инструменти, местата на инсталирање и периметрите кои се мерат. Одржувањето и контролата на инструментите се врши според упатствата од производителот и според законските барања за таквите видови инструменти.

Податоците добиени од измерените вредности се обработуваат во лиценцираниот софтвер MEAC 2000. Обработените вредности се прикажуваат во согласност со законските барања и редовно се доставуваат до Министерството за Животна Средина и Просторно Планирање.