Заштита на Животна Средина

Унапредување во Заштитата

Производството на клинкер, претходник на цементот, бара користење на големи количини природни суровини и енергија. Исто така, овој процес предизвикува испуштање гасови и други штетни материи во атмосферата, од кои најзначаен е јаглерод диоксидот (CО2).

Затоа еколошката ефикасност е јадрото на нашата работа – произведувањето повеќе цемент со користење помалку ресурси и произведувањето помалку отпад и штетни гасови и материи на тон. Посветени сме на постојано подобрување на нашето влијание врз Животната Средина и давање позитивни придобивки за нашата работа.

За да ја поддржиме оваа наша посветеност, ја создадовме и воведовме Политиката за Животна Средина која е дел од Системот за управување со Животната Средина ISO14001:2004.

Цементарница УСЈЕ АД како оперативна постројка подготви Барање за добивање Дозвола за усогласување со оперативниот план и во дадениот законски рок Барањето го достави до сите надлежни институции на разгледување, со што ја започна процедурата за добивање Дозвола за усогласување со оперативниот план во согласност со наведениот Закон.

Цементарница УСЈЕ АД се грижи за Животната Средина и постојано инвестира во објекти и опрема кои ќе овозможат висока заштита на Животната Средина.

Интеграцијата во заедницата и добрите врски со соседството се клучните стратешки цели на Цементарница УСЈЕ АД. УСЈЕ традиционално обрнува големо внимание на почитта и довербата во своите вработени, како и на одржувањето долготрајни и цврсти врски изградени врз заемна почит и активно партнерство со заедницата.

Тргнувајќи од ова гледиште, се реализира една значајна инвестиција во материјални и човечки ресурси. Едни од поголемите остарувања во тој контекст се:

  • Инсталација на вреќасти филтри на млинови за Цемент 4,5 и 6 во 1999 година.
  • Отстранување на електростатските и инсталирање на вреќасти филтри на линијата 3 и реконструкција на системот за ладење на клинкер на Печка бр.3 во 2000 година.
  • Инсталација на вертикален млин за мелење на петрол кокс и реконструкција на ладилникот за клинкер на Печка бр.4 во 2001 година.
  • Отстранување на електростатските филтри и нивна замена со вреќасти филтри на линијата 4 во 2002 година.