Заштита на Животна Средина


Управување со отпад

Во денешната еколошки свесна глобална заедница намалувањето, повторното користење и рециклирањето материјали, енергија и отпад е камен-темелник на секоја индустриска активност.

Барањата за одржлив развој во еден свет во кој побарувачката постојано расте ги натераа сите сектори на индустријата, а особено на цементната индустрија, веднаш да дејствуваат и во многу случаи да дејствуваат ефективно.

Намалувањето, повторното користење и рециклирањето на суровините, енергијата и отпадот се основните елементи на спроведувањето на Политиката за Животна Средина на Групацијата ТИТАН.

Суровините и посредничките производи кои се користат во производствените процеси повторно се добиваат со посебна опрема и, откако ќе се преработат за да се отстранат туѓите честички, се враќаат на производната лента и повторно се користат.

Рециклирање на отпадни масла



Во согласност со политиките на компанијата за почитување на законските регулативи во врска со Животната Средина (Законот за Животна Средина, Законот за справување со отпад, како и поврзаните подзаконски акти) и невозможноста за соодветно и безбедно исфрлање на мастите и на маслата во земјата, во 2008 година беше одлучено отпадните масти и маслата кои се создаваат при производствените процеси да се третираат според законите и актите споменати погоре и во согласност со Базелската конвенција да се извезуваат преку овластена компанија во една од земјите-членки на Европската Унија (Австрија) каде отпадните горива и масла безбедно се уништуваат во постројки за палење отпад.

Селектирање

Секогаш кога се може, материјалите се рециклираат на лице место во фабриките. Кога собраните материјали не може да се рециклираат внатре во нашите капацитети, со нив се постапува како со отпадот кој се изнесува преку јавниот систем за управување со отпад или се користат усуги на подизведувачи.