Заштита на Животна Средина


Мерни точки

Процесот на производство на цемент е тесно поврзан со емисија на прашина и гасови кои се созадаваат во процесот на согорување.

Емисијата на прашина и гасови од нашите процеси постојано се следат и меарат во следниве мерни точки:

1. Линија за подготовка на суровинско брашно – Ротирна печка бр.3:  постојано мерење на емисии на прашина, SO2, NOX, проток на гас, O2, H2O, температура, притисок
2.  Линија за подготовка на суровинско брашно – Ротирна печка бр.4: постојано мерење на емисии на прашина, SO2, NOX, проток на гас, O2, H2O, температура, притисок
3.  Ладилник за Клинкер од Печка бр.3: прашина
4. Ладилник за Клинкер од Печка бр.4: прашина
5. Млин за Цемент 3: Прашина
6. Млин за Цемент 4: Прашина
7. Млин за Цемент 5: Прашина
8.  Млин за Цемент 6: Прашина
9. Вертикален Млин за цврсто гориво: Прашина
10. Сушилница за цврсто гориво: Прашина
11. Хоризонтален Млин за цврсто гориво: Прашина

Независната компанија SICK од Германија е производител на инструментите. Во табелата подолу е прикажан краток преглед на видовите инструменти, местата на инсталирање и параметрите кои се мерат.

Одржувањето и контролата на инструментите се врши според упатствата од производителот и според законските барања за таквите видови инструменти.

Податоците добиени од измерените вредности се обработуваат во лиценцираниот софтвер MEAC 2000. Обработените вредности се прикажуваат во согласност со законските барања и редовно се доставуваат до Министерството за Животна Средина и Просторно Планирање.

     

параметар

уред

начин на мерење

Подготовка на цврсто гориво

Сушилница

прашина

RM 61

оптички

Млин

прашина

RM 61

оптички

Вертикален млин

прашина

FW 101

оптички

Cement mills

Млин за цемент бр.3

прашина

RM 61

оптички

Млин за цемент бр.4

прашина

FW 101

оптички

Млин за цемент бр.5

прашина

FW 101

оптички

Млин за цемент бр.6

прашина

FW 101

оптички

Подготовка и печење на суровинско брашно 

Подготовка на Суровинско брашно - Ротирна Печка бр.3

прашина

OMD 41

оптички

Подготовка на Суровинско брашно - Ротирна Печка бр.4

SO2 NOX температура

проток

H2O притисок

O2

прашина

GM 31
Flow 106
GM 35
ZIRCOR302
OMD 41

 

оптички

ултрасонично

оптички

ZrO2

 

Ладилник за Клинкер

SO2 NOX температура

проток

H2O притисок

GM 31
Flow 106
GM 35

оптички

ултрасонично

оптички

Ладилник за Клинкер 3

прашина

OMD 41

оптички

Ладилник за Клинкер 4

прашина

OMD 41

оптички



Во околината на фабриката, Министерството за Животна Средина и просторно планирање исто така инсталира станици за постојано надгледување на квалитетот на воздухот.
Податоците од овој надзор се достапни на јавноста.