Заштита на Животна Средина


Бучава

Бучавата е нус-производ на сите индустриски активности. Цементарница УСЈЕ АД презема мерки во фабриките и коповите за да го сведе на минимум вознемирувањето на соседните населени места, па ако е потребно и ги презакажува активностите.

Активностите за намалување на бучавата ја сведуваат бучавата под максималните дозволени нивоа. Јачината на бучавата се мери во периметарот на капацитетот. Нивото на бучава во сите капацитети е во границите дозволени со закон.

Производната опремата се чува во затворени сали со што се намалува нивото на бучава. За уште поголемо намалување на бучавата внатре во границите на производните капацитетите е предвиден проектот „Зелен Појас”.