Нашите Производи


Цементни Производи

Цементот е суровински материјал за производство на бетон и други градежни материјали за различна примена.

Цементот како прашкаст врзивен материјал, спаѓа во групата на неоргански хидраулични врзивни средства.

Хидрауличните врзивни средства зацврстуваат во присуство на вода со создавање на кристализациони продукти, кои се нерастворливи во вода. Од таа причина хидрауличните врзивни средства можат да зацврстуваат под вода, односно да бидат без влијание кога се подложни на постојано дејство на вода.

Цементот е еден од најважните и најмногу користени материјали во градежништвото. Цементот откако ќе зацврсти има значајна атхезиона моќ со минерални и други агрегати, челик, тули што овозможуваат негова најширока примена во изработка на конструкција од неармиран, армиран и пренапрегнат бетон, ѕидни конструкции од тули и природен камен, потоа при изработка на внатрешни и надворешни малтерски облоги и сл.

Најчесто користени типови и видови цемент го вклучуваат нашиот Портланд цемент и хидрауличното врзивно средство Усјемал.

Нашиот сив Портланд цемент е врзувачки материјал со висок квалитет и со висока рентабилност. Ги задоволува сите применливи хемиски и физички барања и се користи во сите сфери на градежништвото, од градење домови, училишта, болници до тунели и аеродроми. Вистински Цемент за секоја потреба.

Нашиот сив Портланд цемент  е тип на цемент кој се прави од мелен клинкер, гипс и природна позолана (суровина добиена од вулкански карпи) и летечки пепел.

Купувачите ги користат овие типови на цемент за секакви градежни работи, меѓутоа, главната употреба им е за градежни проекти кои се во постојан контакт со вода или кои се градат на влажна почва.

Контакт
ул. Борис Трајковски, 94
1000, Скопје Р. Македонија

Тел: 00389 (2) 2782 500
Факс: 00389 (2) 2786 390

За детални контакт информации овде: