Нашите Производи


ОПШТО

Во редовното производство нашата компанија има четири видови на цемент и еден вид на зидарски цемент, познат како „Усјемал“. Три од четирите видови на цемент се Портланд цементи со класа на цврстина 42,5, додека четвртиот вид е Пуцолански цемент со класа на цврстина 32,5. Еден од Портланд цементите е т.н. „чист“ односно направен само од клинкер, додека сите останати видови на цемент покрај клинкерот имаат и минерални додатоци како основни состојки кои ги подобруваат одредени карактеристики на цементите. Следната слика појаснува како различните минерални додатоци влијаат на одредени карактеристики на цементите.

На барање на клиентите, за посебни проекти произведуваме цементи со посебни барања за квалитет. Најсвеж пример е изградбата на браната Света Петка (градена во периодот 2010 – 2012) каде што се испорачуваше цемент со ниска топлина на хидратација. Целта беше да се произведе цемент LH < 270 J/g во согласност со МКС EN 197-1:2011 и МКС EN 196-8:2010, со најниска цврстина на притисок од 35 MPa на 28 дена. Нашиот производен процес е сертифициран согласно меѓународните стандарди ISO 9001:2008, ISO 14001:2004 и OHSAS 18001:2007. Цементот е еден од најважните градежни материјали. Како и во многу земји во светот, и во Република Македонија цементот е класифициран како производ од 1+ категорија, а во согласност со Законот за градежни производи и релевантните правилници на овој закон. Тоа подразбира многу строга внатрешна и надворешна контрола на квалитетот. Внатрешната контрола на квалитет и евалуација на сообразност ја врши нашиот Сектор за квалитет во согласност со стандардите MKC EN 197-1 и серијата на стандардите од MKC EN-196. Надворешната контрола и сертификација (во согласност со горенаведените стандарди и MKC EN 197-2) ја врши акредитирано тело за евалуација на сообразност (ЗИМ – Скопје), како и Eurocert од Грција која ја издава „СЕ“ марката за нашите производи. Повеќе за сертификатите

Евалуација на сообразност е законски начин со кој производителот докажува и изјавува дека производот е во сообразност со барањата дефинирани во релевантниот хармонизиран стандард.

Постојат повеќе нивоа (или системи) за атестирање на градежните производи, а во зависност од сериозноста на последиците врз крајниот производ (објект) доклку не се задоволат барањата за квалитет.

Нивото за „вообичаени цементи“ дадено од Европската Комисија е „1+“ кое претставува НАЈВИСОКО НИВО. Тоа подразбира испитување на квалитетот и од страна на надворешна институција, покрај обврската на производителот за редовна контрола на производните процеси и квалитетот на производите.

Стандардот MKC EN 197-2 ја дава шемата за евалуација на сообразноста на цементите со релевантните стандарди каде се дефинирани спецификациите, вклучувајќи го и процесот на сертификација на сообразноста од страна на сертификационото тело (процесот вклучува три подпроцеси: сертификација, инспекција, испитувања). Овие три процеса моше да ги спроведе едно или повеќе различни акредитирани тела.

Нашите цементи се испорачуваат пакувани во вреќи од по 50 кг, или пак во ринфузна состојба во камион-цистерни. Пред утоварот на ринфузен цемент, секој камион се проверува да не има остаток од претходниот товар како би се избегнала контаминација на цементот. Нашата компанија нуди транспорт на ринфузен цемент со сопствени цистерни. Цементот е основна компонента за производство на еден од најмногу користените градежни производи – бетонот. После водата, бетонот е најконзумираниот производ per capita на светско ниво. Производителите и корисниците на бетон мора строго да се придржуваат до техничките спецификации на проектот и до важечкиот стандард за бетон MKC EN-206. Линк до готов бетон


Контакт
ул. Борис Трајковски, 94
1000, Скопје Р. Северна Македонија

Тел: 00389 (2) 2782 500
Факс: 00389 (2) 2786 390

За детални контакт информации овде: