Безбедност при работа

Грижата за добросостојбата на нашите вработени отсекогаш била главен приоритет на стратегијата на Групацијата ТИТАН и ја насочува нашата социјална политика. Сепак, денес, освен нашите вработени, има и значителен број индиректни вработени кои обезбедуваат услуги за УСЈЕ на постојана или повремена основа преку подизведувачи.

Цементарница УСЈЕ АД препознава дека Здравјето и Безбедноста се интегрален дел на нивната деловна изведба. Ние гарантираме имплементација на законските барања и имаме корпоративна политика насочена кон обезбедување здрава и безбедна работна околина за сите вработени во нашата фабрика.

Ние разбираме дека успешниот менаџмент на здравје и безбедност подразбира интегрирање цврсти принципи и практики во нашите секојдневни аранжмани на менаџирање и дека добрите нивоа на изведба се постигнуваат преку заеднички напори на сите вработени.

Пристапот на УСЈЕ во намалувањето на несреќите на работното место е постојан заеднички напор на целокупниот менаџмент и на сите вработени. Ние го прифаќаме овој систематски пристап кон здравје и безбедност за да постигнеме постојано подобрување на изведбата.

Со самото поставување на здравјето и безбедноста како главен приоритет за добросостојбата на сите вработени во рамките на Групацијата ТИТАН, станува очигледно дека сите напори на УСЈЕ како реакција на нашите вредности и посветеност се за да се зачува најдобра можна работна средина и за директните и за индиректните вработени, со цел да се постигне изведба со „нула несреќи” во нашата целокупна работа.

Нашата Глобална Политика и Визија за Здравје и Безбедност при работа е да се постигне здрава работна средина, без никакви инциденти, повреди или несреќи.

Ја споредуваме изведбата на нашата групација по однос на Здравјето и Безбедноста со оние на членовите на Иницијативата за одржливост на цемент (CSI) и имаме цел до 2010 да бидеме меѓу надобрите четири во оваа група во однос на остварувањата од Безбедност при работа.

Година

LTI (Изгубено време поради повреда)

LTIFR (LTI Индекс на зашестеност)

LTISR (LTI Индекс на сериозност)

Работни часови (без одмор и боледувања)

2005

11

10.6

192.3

1,029,436

2006

9

9

189.6

996,568

2007

8

8.9

176.8

932,726

2008

 9.8

372.5 

915.477 

 
Системот за заштита при работа OHSAS 18001 се имплементира од Април 2010 година, а сертификацијата беше добиена во Јануари 2011.
 
Предавања за Безбедност при работа

Од Ноември 2004 година, Секторот за Здравје и Безбедност организира долгорочна програма за стручна обука која е посетена од страна на сите вработени во УСЈЕ.

На оваа презентација сите вработени позитивно се охрабруваат да се вклучат во консултации и комуникација во врска со прашања од областа на здравјето и безбедноста кои влијаат на нивната работа.