Нашите Производи


CEM I 42,5 R

Општо: CEM I 42,5 R е чист портланд цемент со мал додаток на гипс (за регулација на времето на врзување) и до 5% остнати минерални додатоци. Се карактеризира со високи јакосни карактериситики (рани и конечни вредности) но и со висока топлина на хидратација.

Примена: Поради високите јакосни карактериситики CEM I 42,5 R се препорачува за високовредни бетони (цврстина на притисок еднаква или поголема од C 40/50, преднапрегнати бетонски елементи и т.н), но со помали пресеци како би се избегнала појавата на пукнатини поради ослободената топлина при хидратација на цементот. Високата рана цврстина (брз развој на цврстината) на бетоните со овој цемент овозможува порано вадење на оплатата (калапите) и скелето (потпорите). Овакви барања се карактеристични при производство на префабрикувани бетионски елементи, урбана опрема, при запарување на елементите и сл. Повисоката температура која се ослободува при хидратацијата е поволна при услови на бетонирање при ниски температури – го намалува ризикот од замрзнување на свежиот бетон. Стабилноста на бојата на цементот е уште една предност при производство на боени бетони.

Резултати на нашиот CEM I 42,5 R (согласно MKC EN 197-1, просечни вредности за 2012 година)

ИЗЈАВА ЗА СВОЈСТВА (1128 - CPR - FY.CP.0001/1)


Контакт
ул. Борис Трајковски, 94
1000, Скопје Р. Македонија

Тел: 00389 (2) 2782 500
Факс: 00389 (2) 2786 390

За детални контакт информации овде: