Нашите Производи


CEM II/B-M (V-P-L) 42,5 N

Општо: CEM II/B-M (V-P-L) 42,5 N е Портланд цемент со пуцолански додатоци, но во поголем процент во однос на CEM II/A-V 42,5 R. Минималната количина на клинкер изнесува 65%, додека останатите 35% се летечка пепел (V), природни пуцолани (P), природен гипс (за регулација на почетокот на врзување) и до 5% останати минорни минерални додатоци. Повисокото учество на минералните додатоци ја подобрува обработливоста и трајноста на бетоните изложени на хемиски влијанија. Топлината ослободена при хидратацијата уште повеќе се намалува, додека јакосните карактеристики се многу блиски на цементот CEM II/A-V 42,5 R. Напомнуваме дека овој цемент е “N” класа, што означува дека брзината на развојот на цврстината (раните цврстини на 2 дена) се помали во споредба со оние од класата “R”.

Примена: Бидејќи карактеристичната цврстина е блиску до онаа на цементот CEM II/A-V 42,5 R, и овој цемент може да се користи за слични конструкции. Има предност пред CEM II/A-V 42,5 R при изведба на темелни конструкции (или други елементи) поставени во агресивни почви и средини. Од друга страна, поради пониската температура на хидратација се препорачува да не се користи при ниски температури (амбиентална температура пониска од 0oC) особено за бетонирање на елементи со мали пресеци. Има стандардна примена за класи на бетон со цврстина до C 35/45.

Резултати од нашиот CEM II/B-M (V-P-L) 42,5 N (согласно MKC EN 197-1, просечни вредности за 2012 година)

ИЗЈАВА ЗА СВОЈСТВА (1128 - CPR - FY.CP.0008/1)


Контакт
ул. Борис Трајковски, 94
1000, Скопје Р. Македонија

Тел: 00389 (2) 2782 500
Факс: 00389 (2) 2786 390

За детални контакт информации овде: